Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

УЧЕБНАТА ГОДИНА ОД СЕГА ЌЕ ТРАЕ ДО 17-ТИ ЈУНИ: Учениците ќе користат пролетен распуст од 29 април до 5 мај 2024 година

Во учебната 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст. На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, одлучи учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.

Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари.

Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ е загрижена за СДСМ: Некогаш големата и државотворна партија СДС, поради лошите, предавнички и поданички политики се сведе на eдвај 130 илјади гласа

ДЕСК

Вечерва почнува летното сметање на времето

ДЕСК

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

ДЕСК