Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Агенција за медиуми: Осуда на заканите упатени кон новинарка на ТВ Алсат-М

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува експлицитните закани упатени кон новинарката на ТВ Алсат-М, Рита Бехадини, од страна на физичко лице на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Се наведува дека е неопходно новинарите и медиумските работници да ја вршат својата работа непречено, без какви било заплашувања и притисоци.

Заканите по живот, вклучително и оние на социјалните мрежи претставуваат кривично дело и надлежните органи треба да дејствуваат во насока на брзо разрешување на случајот и изрекување соодветни санкции.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК