Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска од Кривогаштани: Со првата капитална дотација од 4,5 милиони, Општината добива мултифункционален центар

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја посети Општина Кривогаштани, каде што разговараше со градоначалникот Николче Мискоски за реализацијата на инвестицискиот проект поддржан со капиталните дотации од Mинистерството за култура во износ од 4,5 милиони денари.

На средбата Костадиновска-Стојчевска ги поздрави иницијативата и максималниот ангажман на Општината, која, согледувајќи ги потребите на граѓаните, го предложи проектот за адаптација со пренамена на општинската сала во мултифункционална сала за реализација на културни активности и манифестации.

Министерката за култура потенцира дека станува збор за проект со кој Општината првпат од своето постоење добива поддршка, а тоа е само уште една потврда за грижата на Министерството за култура за локалниот културен развој.

„Еден од приоритетите на Владата и на Министерството за култура е подобрување на условите во кои се остварува културата во нашата држава. Вреднувањето и унапредувањето на културата и нејзината достапност за сите граѓани се од особено значење за реализацијата на проекти, кои ќе ја подигнат свеста и ќе ја интензивираат соработката меѓу политичкиот, културниот и граѓанскиот сектор“, потенцира Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека техничката и просторната опременост на институциите е предуслов за остварување квалитетна културна продукција и токму затоа со капиталните дотации за општините во земјата се настојува да се помогне во опремувањето и осовременувањето на постојните, како и за изградба на нови објекти, кои се неопходни за непречена реализација на културните содржини.

Градоначалникот Мискоски рече дека средствата добиени со капиталните дотации се потврда дека со вложувањето во проектите од областа на културата во руралните средини значајно ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните во општината и ќе се овозможи рамномерен регионален културен развој.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК