Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Постигнат е договор со синдикатот, вработените во УЈП ќе добијат покачување

„Потпишан е колективен договор во петокот меѓу ‘Солидарност’ и УЈП и добиено е позитивно мислење од страна на Министерството за финансии. Вработените во УЈП ќе добијат покачување на платата“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Клик плус“ на ТВ21.

Таа додаде дека веќе од следната плата вработените во УЈП ќе го имаат покачувањето од 30 отсто и кажа дека овој договор е постигнат колегијално и транспарентно со мирно решавање на спорови.

Директорката на УЈП рече дека на процесот пристапиле внимателно, со цел да се спречи ефектите од евентуалниот штрајк и неуспешност за договор да ги почувствува целата држава.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК