18.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Денеска пеколно топло, објавено е кога ќе има освежување и пад на температурата за 10 степени – Метео центар со детална прогноза

Претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. UV=9

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер.

До среда ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури, како и многу висок УВ индекс. Најтопло ќе биде во вторник и во среда, кога ќе дува засилен југозападен ветер. Значителна промена ќе има во четврток, кога ветерот ќе се промени во северен, а дневната температура ќе се намали за десетина степени.

Прогноза за 25.07.2023
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 36°C до 43°C

Сончево и исклучително топло. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен правец. UV=10

Прогноза за 26.07.2023
Минимална температура: 16°C до 24°C
Максимална температура: 34°C до 42°C

Сончево и многу топло, до крајот на денот на северот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец. UV=10

Прогноза за 27.07.2023
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 25°C до 33°C

Во западните делови променливо облачно со локален дожд, во останатите сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, а дневната температура значително ќе се намали.