17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Внимавајте во каква постелнина спиете: може да има повеќе бактерии отколку во тоалетна школка

Истражувањето спроведено од Ameri sleep, компанија за душеци и постелнина, откри изненадувачки резултати. Постелнината што ретко се мие може да содржи иста количина на бактерии како некои од највалканите и најчесто допираните површини што можете да ги замислите, вклучувајќи ја тоалетната школка, четката за заби и садот за домашни миленици.

Четири недели без миење
Како дел од истражувањето, тројца волонтери биле изложени на ситуација да не мијат чаршафи и навлаки за перници четири недели, а секоја недела се земале примероци од бактерии.

Примероците потоа биле испратени во лабораторија за тестирање, при што биле откриени шокантни резултати.

По само една недела без миење, навлаките за перници содржеа во просек три милиони единици кои формираат колонии (CFU) бактерии на квадратен инч, повеќе од 17.000 пати повеќе од тоалетната школка.

На чаршафите, пак, по една недела имало пет милиони бактерии – речиси 25.000 пати повеќе од кваката во бањата.

Секоја дополнителна недела без миење резултираше со дополнително зголемување на бројот на бактерии по квадратен инч и на чаршафите и на навлаките за перници.

По еден месец без перење, навлаките за перници имаа скоро 12 милиони бактерии, што е 39 пати повеќе CFU отколку во садот за домашни миленици.

Кога станува збор за чаршафите, резултатот е сличен – со приближно 11 милиони бактерии, што е 5,4 пати повеќе отколку во држачот за четка за заби.

Бактериите присутни насекаде околу нас
Се поставува прашањето дали овие микроби се навистина опасни. Тестовите направени како дел од ова истражување открија присуство на четирите најчести типови на бактерии на неизмиени навлаки за перници – и штетни и безопасни видови.

Најзастапени беа грам-негативните бактерии, за кои ЦДЦ предупредува дека може да предизвикаат инфекции и да придонесат за отпорност на антибиотици. Пронајдени се и бактерии од бацили, за кои е познато дека предизвикуваат труење со храна. Но, забележано е и присуство на многу грам-позитивни бактерии кои вообичаено не се познати по нивната штетност.

Важно е да се знае дека бактериите се присутни насекаде околу нас секој ден и се наоѓаат на секоја површина што ја допираме. Некои од нив се дури и корисни за нашето тело. Сепак, треба да направите се што е во ваша моќ за да ја минимизирате непотребната изложеност на штетни бактерии секогаш кога е можно. Има многу работи што можете да ги правите, а првиот чекор е редовно да ги миете чаршафите и навлаките за перници, барем еднаш неделно.

Спонзорирано: