Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ
„Црната листа“ ја составува Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД. Досега, дел од оваа листа беа околу 12 имиња, главно политичари, но од април 2022 година беа додадени поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. Деновиве, ним им се придружи и Орце Камчев.
Јордан Орце Камчев е роднина на поранешниот директор на македонската тајна полиција Сашо Мијалков и поранешниот премиер Никола Груевски, кои исто така се осудени на долгогодишни затворски казни за злоупотреба на службената положба, а се соочуваат и со други судски постапки.
Камчев, во случајот познат како „Парцели на Водно“, беше прогласен за виновен за вмешаност во шема за перење пари поврзана со незаконско купување земјиште за градење. Тој беше осуден на една година затвор, но времето на казната го помина во притвор од март 2021 година до јануари 2022 година, кога беше ослободен со банкарска гаранција од 11 милиони евра, дека нема да бега од органите на правдата во однос на другите истраги, вклучително и случајот „Империја“ за перење пари и други проневери.
Камчев е директор на компанијата „Орка Холдинг“, која во 1990 година ја основа неговиот татко. Тој имал врски со друга компанија „Ексико“, која според Мрежата за истражувачко новинарство (ИРЛ), постоела „само на хартија“. Сопствениците на оваа компанија поврзани со многу други фирми во странство главно биле користени за нелегални активности.
Камчев е косопственик на приватната болница „Систина“ во Скопје, но и на многу други бизниси во и надвор од Северна Македонија. Својот бизнис во Бугарија го проширил со синџир болници, додека заедно со рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко работат и во Русија.
На „Црната листа“ се „закачи“ и актуелниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко заради корупција и коруптивни активности кои ги засегаат институциите во државата.
Но, кои други луѓе се дел од оваа листа?
Абдул Јашари, познат како Ал Албани од Скопје, кој е поврзан со терористичката организација Фронт Ал Нусри од Сирија.
На листата се и Љубе Бошкоски, Мендух Тачи, Џеват Адеми, Гафур Адили, Нури Беџети, Невзат Халили, Џавит Хасани, Кастриот Хаџиреџа, Џемаил Хисени, Даут Реџепи, Џезаир Шаќири… Овие лица беа наведени на „црната листа“ за вмешаност во шестмесечниот вооружен конфликт во Северна Македонија од 2001 година.
извор Фронтлине.мк