Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Расчистена тешка кражба на паркинг во Автокоманда, следува соодветна пријава

На 22.07.2023 од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција лишен е од слобода малолетник, поради основано сомнение дека заедно со други пет малолетници од нас. Шуто Оризари и Топанско Поле на 08.05.2023 на паркинг простор во нас. Автокоманда извршиле кривично „тешка кражба”, при што со употреба на алат скршиле стакла на шест возила и одзеле предмети.

Тој е приведен во Полициско одделение Шуто Оризари, каде во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници е извршен службен разговор во врска со кривичното дело.

Во изминатиот период службени разговори беа извршени и со петте други малолетници кои учествувале во извршувањето на ова кривично дело, и по целосно документирање на случајот ЕВР Гази Баба ќе поднесе соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +