Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Спречен обид за нелегално изнесување на девизи, запленети 27 илјади евра

На 18.07.2023 година околу 20:00 часот на излез од државата на граничниот премин Богородица се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблици, управувано од српски државјанин. При извршена контрола од страна на царинските службеници во лична ташна на патникот пронајдени се 47 илјади евра за кои не поседувал соодветен документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, на патникот и неговата сопруга – сопатник во возилото, вратени им се по 10 илјади евра (износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата), а останатите 27 илјади евра привремено се задржани.

Согласно законот за девизно работење и Царинскиот закон поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Можеби ќе ве интересира

СИЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, снег на планините и ветер, од вторник утрински температури под нулата

ДЕСК

РАМА СО ПОРАКА ЗА МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА – Албанија нема да се меша во одлуката за уставните измени

ДЕСК

МУЦУНСКИ ДЕНЕСКА ВО АТИНА – Македонија на состанок за иднината на Западен Балкан

ДЕСК