Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

(ФОТО) ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА ВО ДВЕ ПРАВНИ ЛИЦА: Претрес во фирми за одгледување канабис за медицински цели,, констатирани повеќе неправилности

На 19.07.2023, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дорга, оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија во координација со ОВР Неготино и членови на Комисија за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство извршиле претрес во простории на две правни лица во Неготино овластени за одгледување канабис за медицински цели.
При претрес во едното правно лице било констатирано дека од четири реколти недостасуваат околу 40 килограми од канабис, како и низа неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на член 62, член 29-Д, член 29-Г и член 95-В од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Додека, при претресот во другото правно лице бил пронајден сув цвет од канабис за кој било доставено известување до комисијата, сув цвет за кој допвра ќе се достави документација до комисијата, а биле констатирани и повеќе неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на членовите 29-Г, 29-Д и 29-Ѓ од Законот за контрола на опојни дроги.
По целосно докумнетирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против правните и одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

СИЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, снег на планините и ветер, од вторник утрински температури под нулата

ДЕСК

РАМА СО ПОРАКА ЗА МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА – Албанија нема да се меша во одлуката за уставните измени

ДЕСК

МУЦУНСКИ ДЕНЕСКА ВО АТИНА – Македонија на состанок за иднината на Западен Балкан

ДЕСК