Подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе се задржи многу топло време со високи температури, утринските на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.
Прогноза за 20.07.2023
Минимална температура: 16°C до 25°C
Максимална температура: 35°C до 43°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. UV=10
Прогноза за 21.07.2023
Минимална температура: 18°C до 25°C
Максимална температура: 35°C до 43°C
Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. UV=10
Прогноза за 22.07.2023
Минимална температура: 17°C до 25°C
Максимална температура: 36°C до 43°C
Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. UV=10