Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Работник почина во фабрика во Скопје

Работник на штипска фирма почина на во кругот на фабрика во Гази Баба.

Станува збор за 57-годишен маж од Кочани кој се повредил извршувајќи работни задачи, по што починал.

„На 12.07.2023 во 13.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 13.35 часот во кругот на фабрика на подрачјето на Гази Баба, В.К.(57) од Кочани, додека извршувал работни задачи за фирма од Штип, се повредил и починал“, велат од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од СВР Скопје, јавен обвинител и трудов инспектор.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +