Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјани нападнале пожарникар додека работел

Полицијата приведе двајца скопјани кои нападнале пожарникар додека гаснел оган синоќа околу 2.20 часот на улицата Костурски херои.

„Приведени се Б.Б.(26) и И.З.(46) бидејќи физички нападнале вработен во Бригадата за противпожарна заштита Скопје кој вршел службени дејствија – гасење пожар на локацијата“, објави МВР во дневниот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК