Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил излета на патот Кичево – Охрид, има повредени

На 12.07.2023 во 13.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Требеништа и с.Мешеишта, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.З.(47) од с.Стрелци, кичевско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Ќ.С.(56), Ф.З.(22) и Ф.З.(46), сите од с.Стрелци, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Сеизмолошка со детали за почуствуваниот земјотрес во Скопје

ДЕСК

Земјотрес почувствуван во Скопје

C +

Лишен од слобода возачот кој синоќа во Марино со возило удри пешак, кој почина на местото

ДЕСК