Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

252 санкционирани возачи на мотоцикли, девет мотоцикли одземени

Во текот на вчерашниот ден (12.07.2023) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 252 возачи. Од нив, 152 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 52 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

C +

Обвинителството континуирано презема дејствија поврзани со запленетата марихуана

C +

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

C +