16. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Нема повредени и нема скршени автомобили при интервенцијата во КХС, да престанат политичките сплетки

Ова што му се случува на Скопје е катастрофа, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ24.

– Ниту Скопје, ниту граѓаните заслужуваат вакво нешто. Мислам дека најбрзо, најитно треба да се стават во функција сите и да ги напуштат тие политички игри и сплетки кои ги прават. Мислам дека теренот во кој што директно се загрозува здравје и животот на граѓаните и животната средина не може да биде терен на кој ќе се играат политичките игри и тоа меѓу претставници на иста политичка опција. Полицијата интервенира и ќе интервенира секогаш кога затоа се исполнети законските услови. Ние во моментот кога се создадоа услови се направи интервенција во која се овозможи практично излегување на екипите на терен. Оние кои започнаа со чистење на сметот, рече Спасовски.

Тој повтори дека при интервенцијата ниту има повредени луѓе, ниту има искршени автомобили.

-Апсолутно ништо од тоа што во моментот се шпекулира во јавноста. Имаме состојба со којашто со интервенција се овозможи излегување на екипите на терен за да вршат собирање на смет, тоа е еден случај и вториот случај е каде што екипа на работници во КХС беа нападнати на територија на Гази Баба од неколку лица, таму по пријава интервенираше полицијата и против тие лица беа преземени соодветни мерки, информира Спасовски.