Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Наташа Гоџоска и Артан Ајро избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство

Советот на јавните обвинители на денешната седница ги избра Наташа Гоџоска и Артан Ајро за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство.

Артан Ајро бил избран во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2012 година, каде што ја вршел функцијата до 2015 година. Потоа бил избран за обвинител во СЈО, а од 2019 до денес е обвинител во Основното јавно обвинителство во Скопје. Тој има стаж од 8 години и оценка од 25 поени.

Гоџоска го застапувала предметот за смртта на малата Тамара Димовска, која почина чекајќи државна помош за лекување во странство. Таа барала да не го застапува обвинението поради приватни причини, што било прифатено, а по неа, друг обвинител го презел случајот.

Потребното мнозинство не го добија Зоран Марковски, Спасенка Андонова, Владимир Милошески, Наташа Сарамандова, Јован Серафимовски, Љубомир Лапе, Златко Биковски, Расим Деца, Дарко Јакимовски и Ленче Ристовска, а претходно за јавни обвинители во Јавното обвинителство беа избрани Наталија Тасевска и Елвин Вели.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК