Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерството за правда му укажувало на кумановскиот суд да си ја среди архивата

Министерството за правда за време на надзорите му укажуваше на Основниот суд Куманово за несоодветно архивирање на предметите, но мерки не беа преземени од нивна страна, велат од ова министерството по пожарот на документите.

Комисијата за надзор над функционалноста на АКМИС-системот во судовите при Министерството за правда последниот надзор врз работата на Основниот суд Куманово го изврши на 6 јуни, при што беше констатирано следново: судската архива е сместена во подрумските простории; архивирањето на предметите било завршено заклучно со 1971 година; нема континуирано архивирање предмети.

Овој проблем, велат од Министерството за правда, се провлекува со децении и е констатиран уште со првиот надзор кога судот бил задолжен да почне со архивирање.

Комисијата за надзор над функционалноста на АКМИС во судовите го задолжи Основниот суд Куманово да почне со континуирано архивирање предмети и итно расчистување на архивскиот простор. Претседателот на судот се задолжува да постигне договор со архивот и да се продолжи со натамошно архивирање.

За време на надзорот од страна на в.д. претседателот на судот беше истакната забелешка дека овој процес ќе биде тежок за реализација затоа што судот располагал само со двајца службеници во архивата.

Комисијата смета дека внатрешната организација е работа на судот, а архивирањето на предметите е обврска што мора да се почитува.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ПРЕД СИЛЕН ЗИМСКИ БРАН – Снег за викендот, од вторник температури до -14 степени

ДЕСК

ВЕЧЕРВА ТЕШКА НЕСРЕЌА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА – Петмина повредени во судир на три возила

ДЕСК

КРАЈ НА ДОЛГОГОДИШНИОТ ПРОБЛЕМ ВО КРИВА ПАЛАНКА? – Почнува организирано отстранување на добитокот

ДЕСК