18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ПОДИГНА 1130 ТОНИ ОТПАД ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТИТЕ ДВА ДЕНА

Во текот на изминатите два дена, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје
реализираа засилени активности во чиишто рамки беа подигнати и
транспортирани вкупно 1130 тони комунален отпад од контејнерите
поставени на јавни површини, како и од кантите наменети за
индивидуалните домаќинства. Отстранети се и 250 кубни метри отпад од
приближно дваесет диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

Почнувајќи од првата смена во текот на денешниот ден, ЈП Комунална
хигиена-Скопје продолжува да го собира и транспортира комуналниот отпад
на територијата на градот Скопје според стандардната динамика, утврдена
со Оперативната програма за работа на Претпријатието. Воедно,
продолжуваат и редовните активности за одржување на хигиената на јавните
и на сообраќајните површини во сите скопски општини.