Centar.mk
ЛОКАЛНО

„Комунална“: Со засилени активности се собира ѓубрето во Скопје

Во текот на вчерашниот ден екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во втората и во третата смена реализирале засилени активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад во сите скопски општини, велат од Јавното претпријатие.

Како што посочуваат од тука, континуирано се расчистувало и на повеќе обемни диви депонии лоцирани на улиците Џон Кенеди, Благоја Паровиќ и Методија Митевски во општина Чаир, како и на улицата Прашка во општина Карпош.

Воедно, спроведени биле и активности за одржување на хигиената на јавните и на сообраќајните површини со кои беа опфатени и централното градско подрачје, кејот „13 Ноември“ и Старата скопска чаршија.

Најавуваат дека екипите на претпријатието и во текот на денешниот ден ќе продолжат со засилена динамика да го подигнуваат комуналниот отпад од поставените контејнери и кантите во индивидуалните домаќинства на територијата на градот Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Скопјани пијат безбедна вода

ДЕСК

Реконструкција на улицата ,,Светозар Марковиќ”, нов асфалт, тротоари и канализација

C +

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +