Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Апсења низ Скопје: Приведени двајца крадци, едниот се барал за доиздржување на казна затвор од 4 години и 9 месеци, а кај него била пронајдена и дрога

Приведени двајца крадци од Скопје, едниот се барал за доиздржување на казна затвор од 4 години и 9 месеци, а кај него била пронајдена и дрога

Денеска (10.07.2023) во 00.15 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода Е.К.(38) и С.Р.(55), двајцата од Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 од хотел во Градскиот парк во Скопје одзеле сеф со пари.

При извршена проверка кај Е.К. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја како и алати со кои е извршена тешката кражба, а притоа било констатирано дека се барал по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор – Прилеп за доиздржување на казна затвор од 4 години и 9 месеци.

По целосно документирање на случајот од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК