Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Анкета на ИРИ: Али Ахмети политичар со најголема доверба, Ковачевски и Мицкоски во мртва трка

Али Ахмети со 6 проценти поддршка е најпопуларен политичар во Македонија според ИРИ.

Потоа следуваат Никола Груевски и Христијан Мицкоски со по 5 проценти, додека Димитар Ковачевски се со 4 односно 3 проценти поддршка.

Билал Касами има 3 отсто поддршка, додека Зијадин Села 1%.

Но најинтересно е што дури 42 отсто од граѓаните не даваат поддршка никому.

Анкетата на ИРИ е спроведена во име на  Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на групацијата КАНТАР). Податоците се собрани од 8 април до 4 мај 2023, со метод на повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Беше анкетиран национално репрезентативен на примерокот од 1,204 испитаници, на возраст од 18 и повеќе години. Податоците се пондерирани според возраста, полот, регионот, населеното урбано/рурално место и етничката припадност. Маргината на грешка за целиот примерок не е над ± 2.8 поени со ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 74%, велат од ИРИ.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК