Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Скопје – Велес, има повредени

На 05.07.2023 во 13.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Велес, во атар на место викано „Ергеле“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Д.Д.(61) од Скопје и патничко возило „шкода“, управувано од И.Д.(34) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Д. и сопатник од возилото „шкода“ С.Д.(35) од Скопје, а возачот И.Д. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК