Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бмв со скопски таблици излета кај Рача во Охрид, има повредени

На 05.07.2023 во 20.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Св.Наум-Охрид, кај населбата Рача, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(26) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници Д.А.(25) и Н.Т.(23), двајцата од с.Пешатни, охридско, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник М.К.(26) од с.Пештани, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +