Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ е криминална партија, Феникс е последна потврда за тоа

Соопштение на СДСМ:

Дека ДПМНЕ е криминална партија последна потврда е случајот Феникс.

Највисоки поранешни функционери од ДПМНЕ се осомничени дека злоупотребиле 57 милиони евра, пари на граѓаните, за 11 споменици од Скопје 2014.

Преку спомениците биле перени пари, милиони евра кои завршувале во џебови на неколкумина од Белата палата.

На грбот на македонскиот народ, но и на македонските великани како Гоце Делчев, Никола Карев, Гемиџиите, луѓе од ДПМНЕ се богателе додека народот осиромашувал.

Зад лажниот патриотизам на ДПМНЕ се крие криминална шема за испумпување на народните пари на криминален начин за да завршат во нивните џебови.

Дури 33 нови градинки или 15 нови училишта можеле да се направат со проневерените 57 милиони евра.

Но, тоа е вистинското лице на ДПМНЕ, тие не мислат ниту на народот, тие мислат само на грбот на граѓаните да се богатат.

Можеби ќе ве интересира

Убиство ја потресе Македонија: Пронајдено безживотно тело на маж со прострелна рана од огнено оружје

ДЕСК

ЛИЦА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО КАРПОШ ПРИ КОНТРОЛА НА НОЌНИ КЛУБОВИ: Жестока реакција на Независниот синдикат на полицијата

ДЕСК

Полицијата упадна во повеќе кафичи и казина во Карпош – Има приведени и уапсени

ДЕСК