Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: За 4 години со „Мој ДДВ“ СДСМ врати 107,5 милиони евра кај граѓаните

Соопштение на СДСМ:

Мерката „Мој ДДВ“ е една од најуспешните мерки на концептот на СДСМ, парите назад кај граѓаните.

За четири години од спроведувањето на оваа мерка, СДСМ кај граѓаните врати 107,5 милиони евра.

Тоа се сериозни средства што државата директно ги исплаќа на сметката на секој регистриран корисник.

Само за последното тромесечје, за месеците април, мај и јуни, граѓаните ќе добијат 11,2 милиони евра, а исплатата на овие средства ќе се одвива во месец август.

За успешноста на мерката „Мој ДДВ“ говори и бројот на регистрирани корисници кој постојано расте и денес изнесува 538.919.

Покрај приход плус во семејствата, оваа мерка даде и позитивен ефект врз намалувањето на сивата економија.

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК