Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

КАБЕЛ СО СТРУЈА ВИДИ НА ПАТ- ЦУК јави за две ситуации во скопско поврзани со опасност од електрична енергија заради последици од невремето

Во ЦУК, е добиена информација на Единствениот број за итни случаи 112 во којашто се наведува дека во с. Говрлево, месност „Брзовец“, е скинат кабел од струја и е животозагрозувачки, бидејќи виси на патот. Веднаш од страна на Регионалниот ЦУК Скопје се известени екипите на ЕВН и за кратко време истото опасниот електричен кабел се очекува да биде отстранет.
Покрај оваа информација во ЦУК, на бројот 112 имало пријава дека на улица „191“ во Горно Лисиче има скршена бандера од струја којашто виси над дворот од куќата и се држи единствено на каблите. Постои опасност да падне. Од страна на Регионалниот ЦУК Скопје се известени надлежните служби за остранување на опасноста.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК