Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со новоименуваниот амбасадор на Полска: Европските интеграции на Македонија не смее да се базираат на двојни стандарди

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (30.06.2023) оствари срдечна средба со новоименуваниот амбасадор на Полска во Македонија, господинот Кшиштоф Гжелчик.

Мицкоски му се заблагодари на амбасадорот за постојаната, искрена и посветена поддршка која Полска ја дава на Македонија во целиот изминат период, и искажа подготвеност за плодна соработка помеѓу двете држави дополнително да се продлабочува во иднина, особено кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи Владата на Македонија.

Во врска со европските интеграции, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека истите не смее да се базираат на двојни стандарди и целосно мора да се почитуваат вредностите утврдени со Копенхагеншките критериуми.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот под бугарски диктат и во околности на уцена. Тој дури посочи дека пристапувањето на државата кон ЕУ не смее да биде на сметка на македонските национални интереси“, велат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

Убиство ја потресе Македонија: Пронајдено безживотно тело на маж со прострелна рана од огнено оружје

ДЕСК

ЛИЦА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО КАРПОШ ПРИ КОНТРОЛА НА НОЌНИ КЛУБОВИ: Жестока реакција на Независниот синдикат на полицијата

ДЕСК

Полицијата упадна во повеќе кафичи и казина во Карпош – Има приведени и уапсени

ДЕСК