Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шолц гарантира дека Бугарија нема да ни става нови сопки на патот кон ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц на вечерашната заедничка прес-конференција со македонскиот колега Димитар Ковачевски во Берлин беше запрашан да го прокоментира неодамнешното писмо на бугарскиот претседател Румен Радев кој го испратил до ЕУ, критикувајќи го македонското лобирање во однос на спорот со Бугарија.

-Тоа е јасно договорено и треба така да биде. Треба да биде редовен пристапен процес. Тоа се напишани работи на хартија и не треба да дојде до други. Зад тоа јас стојам и гарантирам, рече канцеларот Олаф Шолц, одговарајќи на новинарско прашање околу евентуалните нови услови од бугарска страна на патот на Македонија кон ЕУ и пристапните преговори, со оглед дека се беше дефинирано од преговарачката рамка усвоена минатото лето.

Радев во писмото до Брисел, меѓу другото напиша дека уставните измени се само прелиминарен услов за Македонија и дека не се исцрпени сите услови за нашата земја да ја започне втората фаза од преговорите.

Можеби ќе ве интересира

Убиство ја потресе Македонија: Пронајдено безживотно тело на маж со прострелна рана од огнено оружје

ДЕСК

ЛИЦА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО КАРПОШ ПРИ КОНТРОЛА НА НОЌНИ КЛУБОВИ: Жестока реакција на Независниот синдикат на полицијата

ДЕСК

Полицијата упадна во повеќе кафичи и казина во Карпош – Има приведени и уапсени

ДЕСК