Против 43-годишен гевгеличанец, МВР поднесе кривична пријава за измама откако бил откриен дека во периодот од август минатата до мај оваа година лажно се претставувал како лице врaботено во Фондот за здравство и на жена од селото Балинци и ветувал дека може да и помогне при поврат на средства во Фондот за што таа му исплатила 6000 евра.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против И.П.(43) од Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од август 2022 до мај 2023 година, пријавениот преку телефон, лажно се претставувал како С.Г., вработен во Фондот за здравство, при што со нудење на помош за подигање на парични средства од Фондот, со измама ја навел А.Г. од с.Балинци да му исплати околу 6.000 евра“, велат од МВР.