Centar.mk
БИЗНИС

МЗШВ: По барање на земјоделците до 14 јули се продолжува рокот за аплицирање за субвенции

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека до 14 јули 2023 година се продолжува рокот за аплицирање за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјдоелството за 2023 година, за растително и сточарско производство.

Земјоделците своите барања можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на министерството или електронски преку веб страната на АФПЗРР https://e-subvencii.ipardpa.gov.mk/perun/index.html

Продолжувањето на рокот за аплицирање за субвенции 2023 е по барање на земјоделците, со цел да се излезе во пресрет на сите земјоделци кои досега не стигнаа навремено да аплицираат, информираат од ресорното земјоделство.

Можеби ќе ве интересира

АИ ОБУКИ ЗА СЕКОЈДНЕВНИ ПРОФЕСИИ – Британија финансира четири проекти со над 800.000 фунти

ДЕСК

БУГАРСКИОТ ГУВЕРНЕР ПРЕДУПРЕДУВА – Прелиминарните податоци упатуваат на инфлација од шест проценти

ДЕСК

ОД ДЕНЕСКА ПОСКАПИ ГОРИВА ВО МАКЕДОНИЈА – Дизелот достигна 100 денари, нови цени на бензините

ДЕСК