Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

186 санкционирани возачи во Скопје, 74 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 186 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, една санкција за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.

Изречени се шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, една санкција за користење мобилен телефон при управување возило, четири мерки за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Астролошка прогноза за Македонија во 2026: Година на тешка реалност, економски притисок и судбински избори

ДЕСК

Вечерва страшна сообраќајка кај Петровец, сообраќајот се одвива отежнато

ДЕСК

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

C +