Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претседателот Пендаровски во Подгорица на Самит на шефови на држави и влади на земјите членки на ПСЈИЕ

Претседателот Стево Пендаровски ќе престојува во Подгорица, Црна Гора каде ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Претседателот Пендаровски, утре 27 јуни 2023 – вторник ќе се обрати на Пленарна сесија на состанокот на шефови на држави и влади, а ќе одржи и заедничка прес конференција со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, во својство на претседатели на земјите кои се актуелен и следен претседавач со ПСЈИЕ. Претседавањето на Република Северна Македонија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа започнува на 1 јули 2023 година.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК