Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на средбата со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во рамки на проектот „Заедно за подобра иднина“, кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург, нагласи дека темата за мултикултурализмот треба да биде активна бидејќи постојано се соочува со низа предизвици, и затоа, додава, „човек треба да се биде мудар, решителен и храбар да се справи со тие предизвици кои ќе донесат решенија кои ќе му дадат просперитет, стабилност и благосостојба на граѓанинот и граѓанката“.
„Ние задно со градоначалникот Димитров се договориме во почетокот на идната учебна година која ќе започне во септември да направиме ликовен конкурс за децата од основните училишта во Куманово кои ќе цртаат на теми кои се однесуваат на мултикултурализмот. Ќе учествуваме сами како организација, но исто така ќе ја повикаме и бизнис заедницата да учествува за да може да обезбедиме пристоен фонд за награди за децата кои ќе бидат победнички и победници на тој конкурс“, рече Дерала.
Тој додаде дека мора многу да работиме на тоа како се разбира поимот мултикултурализам, меѓутоа и како се спроведуваат активностите кои се однесуваат на сите тие деликатни области кои се дел од оваа голема светска тема.
„ЦИВИЛ како организација не само што промовира позитивни пораки, исто така будно внимава на сите тенденции кои одат спротивно на македонските национални интереси, а тоа е мултикултурно општество кое е евроатлантски ориентирано, а ги следиме и сите тие тенденции кои доаѓаат од внатре и однадвор и се обидуваат за ги загрозат македонските национални интереси. Сакаме да им укажеме на сите носители на одлуки и на национално и на локално ниво дека мултикултурализмот, добрите меѓуетнички односи се гаранција за просперитетот, за економскиот напредок на нашата земја, но исто така се гаранција за стабилноста и безбедноста на државата“, потенцира Дерала.
извор Цивилмедиа