25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ТУРИСТИТЕ МОЖАТ ДА ЗДИВНАТ СЕЗОНАВА: Објавена ДЕТАЛНА ЛИСТА на цени во Грција, 1 работа НАВИСТИНА ИЗНЕНАДУВА!

Пред почетокот на секоја летна сезона, за сите оние кои сами одат на море, најмногу ги интересираат цените на храната во омилените летувалишта, пред се во Грција. Во последната година или повеќе, главниот страв на овие луѓе е дека цените се баснословно високи, т.е. многу повеќе отколку кај нас.

Но, гледајќи ја состојбата на терен, годинава не е така, бидејќи цените во Грција растат речиси со исто темпо како кај нас. Кога станува збор за сегашните цени на основните прехранбени производи во Грција, тие се речиси идентични со оние на пазарите во нашата земја.

Оваа година грчката влада побара од големите синџири на супермаркети да ги намалат или не ги зголемат цените на основната храна. Ова барање го прифатија повеќето супермаркети, кои направија список на производи со ниски цени.

Цените на основната храна во Грција

Обичен леб со сусам 0,64 €
Леб од багет 1,19 €
Грчка пита 0,99 €
Домат кг 1,79 €
Парче краставица 0,9€
Пилешко кг 2,69 €
Мелено месо 1кг 8,78 € – XXL пакување од 650гр 4,39 €
Маслиново масло од Крит 5л 29,35 €
Свежо млеко 3,5% масти 1л 2,49 €
Свежо млеко 1,5% масти 1л 2,20 €
Јаболка 1 кг златен делишес 1,69 €, а грин смит 1,19 €
Цени во друг супермаркет
Јајца големина М, 10 парчиња 2,59 €
Јајца големина L 10 парчиња 3,49 €
Парисер пилешко 7,44 €
Шунка 17,89 € кг
Мортадела 10,31 € кг
Пушена сланина 25,6 €
Пушено филе 11,81 €
Фета сирење 9,95 €
Бело сирење 8,50 €
Маслиново масло 1L 5,50 €
Сончогледово масло 1,97 €
Тост леб 720гр 1,58 €
Тост леб 360гр 1,18 €
Свежо млеко 1L 1,09 €
Долготрајно млеко 1л 1,52 €
Домат кг 2,40 €
Парче краставица 0,7€
Лимон 0,95 €
Црвена зелка кг 0,79 €
Зелена зелка 0,29 € кг
Црвен кромид 0,95 € кг
Црн кромид кг 1,19 €
Компири 0,98 €
Кога станува збор за гирото, неговата цена во Грција се движи помеѓу 3,5 и 4,2 евра, литар млеко е 1,12 евра, а цената на свеж леб се движи од 1 евро нагоре.

Свежата риба е, во зависност од видот, од 6 (сардина) до 20 евра за килограм. Цената на топка сладолед се движи од 1,5 до 2,5 €, во зависност од слаткарницата.

Може да се каже дека, генерално, цените во северна Грција се на ниво на цените во Скопје, а во угостителските места можеби и поевтини од главниот град или од Охрид, додека во споредба со цените во остатокот од Македонија, тие се околу 5-10 отсто повисоки, што многумина на почетокот не го очекувавѓе кога помислуваме на Грција и стравуваме дека цените на храната се значително повисоки отколку навистина што се.