Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Младите немаат време за губење, потребна е одлука за членство во ЕУ што поскоро

Соопштение на СДСМ:

Младите немаат време за губење, немаат нови 10 години да фрлат во ветер.

Сега треба да се направи чекор напред, да се донесе одлука за продолжување на европскиот пат и побрзо членство во Европската унија.

СДСМ повикува на одговорност од сите политички чинители, во името на младите и во името на подобра иднина на сите наши граѓани.

Не смееме да дозволиме сега пак да изгубиме 10, 15 или нови 20 години.

Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став, без визија, кои освен својата фотелја и желба за власт не мислат на ништо друго.

Не смееме да дозволиме нова изолација, нови бранови иселувања на младите, нови барања за странски пасоши.

Единствениот начин да им обезбедиме подобар живот на младите, да живеат во европска држава е да продолжиме брзо на патот кон ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК