Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Детали за тешката сообраќајка на “Рузвелтова”: Прегазена жена, возачот побегнал – но полицијата му ги расипа плановите

На 21.06.2023 во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Руѓер Бошковиќ“, патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(34) од с.Марино, општина Илинден, удрило во пешакот В.А.(51) од Скопје, по што го напуштило местото.

По несреќата В.А. била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

По преземени мерки, полициски службеници го пронашле возачот А.С. и го привеле во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК