24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Ако почувствувате силен мирис на урина кога станувате од тоалет: Еве од што страдате

Урината е светло жолта течност преку која повеќето штетни материи се излачуваат од телото додека се отстранува вишокот течност. Супстанциите кои се внесуваат во телото и не се апсорбираат се излачуваат, цврстиот отпад преку цревата, течниот отпад низ бубрезите и уретерите, а дел од течноста го напушта телото преку потење.

Ако сте дехидрирани
Многу едноставно – ако пиете доволно вода, урината е бледо жолта по боја и мириса нормално, а кога ви недостасува вода, урината е темна и смрдлива – поради превисоката концентрација на уреа, бидејќи не се разредува со вода.

Ако сте јаделе некое од овие
Дали некогаш сте забележале дека вашата урина е особено смрдлива откако ќе јадете аспарагус? Или само сега разбравте зошто. Имено – аспарагус, лук, семки од тилчец, бриселско зелје, исхрана богата со протеини и кари – по овие намирници очекувајте поинаков мирис на урина.

Ако сте испиле премногу кафе
Кафето содржи специјална компонента добиена од печење зрна, која останува во нашиот организам во мала количина, но доколку сте испиле премногу кафе и премалку вода, таа ќе остане во дигестивниот тракт во многу поголема концентрација. И затоа урината ќе ви смрди.

Ако имате воспаление
Слаткиот мирис на амонијак пропратен со честа потреба за потемна урина е јасен знак дека треба да посетите лекар бидејќи имате инфекција на уринарниот тракт.

Ако сте почнале да земате лекови
Антибиотиците кои ја зголемуваат концентрацијата на габите во телото може да доведат до непријатен мирис на урина. Сепак, најчесто исчезнува откако ќе го завршите курсот, додека кај жените може да предизвика и габични инфекции во вагиналната област.

Посебен мирис даваат и мултивитамините, а доколку се полни со витамини од групата Б, тогаш веројатно бојата на урината ќе ви биде малку пожива – неонска.

Имате венерична болест
Ако се сомневате дека можеби имате сексуално пренослива болест – урината што мириса на амонијак може да биде знак за Trichomonas vaginalis, кламидија и гонореја.