Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

246 санкционирани возачи во Скопје, 90 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 90 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон при управување возило, четири мерки за мимување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК