Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Се одржа комеморацијата за Крешник Ајдини

Во присуство на бројни јавни личности, уметници и интелектуалци, и членови на семејството, во Албанскиот театар, ЦИВИЛ денеска одржа комеморација за Крешник Ајдини, кој почина во петокот, на 16 јуни, на 55-годишна возраст.

Крешник Ајдини е еден од основачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода во 1999 година и на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа во 2009 година.

Во 90-те, беше издавач и главен уредник на политичкиот магазин „Јета“ и коиздавач на списанието „Зрак“. Работеше како новинар и уредник во повеќе редакции, меѓу кои и во „Флака е влазримит“ и „Дневник“. Беше креатор и продуцент на голем број проекти за мир, помирување, човекови права и надминување на култот кон оружјето.

Ајдини беше ревносен поддржувач на граѓанските иницијативи и движења за демократизацијата на нашата земја.

Тој е основач и сопственик на Лајф Радио во 2002 година, познато по општествено одговорните содржини и пораките за мир и помирување во земјата.

Преведе голем број важни дела од албански на македонски и обратно, со што даде огромен придонес кон запознавање на двете култури.

фото: ЦИВИЛ

Можеби ќе ве интересира

Ако вечерва се наоѓате на патиштата во Македонија, внимавајте на овие критични сообраќајни правци поради одрони, излевање на реки, снег…

ДЕСК

(ФОТО, ВИДЕО) Тешка ноќ за преспани – Се излеа Голема Река кај Ресен, поплави и во неколку села

ДЕСК

Почнаа врнежите на снег вечерва во делови од Македонија

ДЕСК