Centar.mk
ЛОКАЛНО

Турист во Охрид на планинско трчање си го повредил коленото, втора интервенција во последното деноноќие

Група туристи-спортисти од Охрид, над селото Рамне изведувале редовен трениг за планинско трчање, при што еден од нив се здобил со повреда на коленото што го оневозможило неговото движење. Од планинската спасителна служба во Охрид велат дека ова е втора интервенција во последното деноноќие.

„Во 12:05ч. оперативниот центар на ПСС беше алармиран од страна на група спортисти од Охрид, кои над с. Рамне изведувале редовен трениг за планинско трчање, при што еден член од групата се здобил со повреда на коленото што го оневозможило неговото движење. Еден тим на ПСС, со теренско возило веднаш се упати на терен и по укажаната прва помош, во 13:40ч. повредениот беше спуштен во Охрид“, велат оттаму.

Како што додаваат во синоќешната потрага на исчезнато лице во Дебрца, која траела до раните утрински часови, ова е втора интенвенција на ПСС во последното деноноќие, што се надеваат дека не претставува лоша најава за претстојната сезона.

На сите авантуристи им препорачуваат доколку се најдат во било каква неприлика, веднаш да побараат помош.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот на Битола на прославата на патрониот празник и големиот јубилеј на градинката “Естреја Овадија Мара”

ДЕСК

Ќе поскапи ли паркингот во Битола – Корекцијата на цените е неминовна

ДЕСК

Ѓорѓиевски денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“

ДЕСК