Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Мицкоски нема направено ништо ниту за земјата ниту за македонскиот иденитет, обвинува СДСМ

„Освен хистерија, лажни вести и блокади, Христијан Мицкоски и ДПМНЕ немаат ништо, буквално ништо направено ниту за државата, ниту за македонскиот идентитет“, посочува СДСМ во партиското соопштение.

Тие додаваат:

„Цела година ДПМНЕ заедно Левица ги лажеше и плашеше граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, за на крај истиот тој Мицкоски да прифати промена на Уставот.

Дури и кога германскиот Бундестаг донесе Резолуција за поддршка на европскиот пат на државата и дополнителна потврда за македонскиот јазик идентитет и посебност, Мицкоски и ДПМНЕ не успеаја да лобираат нивни сестрински партии да гласаат За резолуцијата.

Мицкоски и ДПМНЕ не можат да издејствуваат ништо позитивно, ниту за државата, за граѓаните, ниту за македонскиот народ.

Но и покрај тоа, Мицкоски сега има ретка шанса да направи нешто добро и корисно за државата и за сите граѓани.

Откако прифати уставни измени Мицкоски треба да одреди тим за да продолжат разговорите и заедно да ја донесеме одлуката за продолжување на европскиот пат.

Мицкоски има избор, дали ќе одбере да не прави ништо како и досега или сепак ќе направи дражвнички чекор“.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК