Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

САМО ВО МАКЕДОНИЈА: Митко Јанчев објави фотографии од огномет за одбележувањето на денот на убивањето на 12-те деца од Ваташа

Само во Македонија одбележување на една трагична судбина на 12-те ваташки младинци се прави со огномет.

Со фотографии од огнометот се пофали и градоначалникот Митко Јанчев, кој го напиша и следниов статус.

– Во предвечерието на најголемиот масакр во Втората светска војна, кога свирепо беа стрелани 12 Ваташки младинци, жителите на селото Ваташа вечерва со пригодна програма ќе им оддадат достојна почит на младите животи кои го дадоа својот живот за татковината.
Да не се повтори… Да нема ваков настан… Да не се заборави!, напиша во својот фејсбук статус на Митко Јанчев.

Следуваа жестоки реакции. Дел од граѓаните на социјалните мрежи ја покажаа својата згрозеност, некои дури го прашаа градоначалникот дали знае за што служат огнометите, сметајќи дека ваков вид на прослава за ваков настан е крајно непочитување кон починатите.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК