Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачки ја злоупотребува дури и вчерашната трагедија за да ја вознемири јавноста, велат од МВР

Соопштение на МВР

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека пратеникот Драган Ковачки преку објава на социјалните мрежи се обидува да ја злоупотреби вчерашната трагедија кога возило од Косово падна во реката Лепенец и се обидува да ги вознемири граѓаните ширејќи невистини за полициските службеници од Косово кои помагаат во потрагата по возилото и лицата.

Вистината е дека по трагедијата, а врз основа на меморандумот за соработка што го имаме со косовската полиција, а со цел поддршка на нашите екипи во потрагата по косовските граѓани, уште вчера пристигна екипа со опрема од косовската полиција и таа постојано работеше со нашите полициски службеници. Неверојатно е како некој може дури и ваква трагедија да ја употреби за политиканство и вознемирување на граѓаните.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите подметнувања. Ниту е загрозена безбедноста ниту има било каква потреба за вознемиреност. Македонската полиција е гарант за безбедноста на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Македонка тргнала со 27 штеки цигари за Лондон – Ја чека казна затоа што царинските власти на скопскиот аеродром ја спречиле

ДЕСК

Учество на претседателот на собранието Гаши на Доха Форумот 2025

ДЕСК

Заев до Груевски: За разлика од тебе, којшто се капеш во украдените парите на граѓаните на Македонија, јас достоинствено работам и своето време и натаму ќе го трошам на работа

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.