24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Каква е состојбата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 14:10 часот (17.06.2023) сообраќајот на патиот правец Градско – Прилеп е нормализиран.

На 17.06.2023 година од 17:00 часот сообраќајот на регионалниот пат од с.Трново – О.Кр.Паланка е нормализиран во двата правци за сите моторни возила, а истиот претходно беше во прекин поради обилни врнежи од дожд.

НАИЗМЕНИЧЕН СООБРАЌАЈ: Од настанатите поплави на 14.06.2003 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница М.Каменица – Делчево.

Извршено е примарно санирање,но поради поголема безбедност на сообраќајот,денес 17.06.2003 год. извршено е ЗАТВАРАЊЕ НА ЕДНА ЛЕНТА ОД МОСТОТ ДО КОМПЛЕТНО ЗАВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ.

Затварањето е извршено со прописна верикална сигнализација и сообраќајот на мостот се врши наизменично во двата правца по една коловозна лента.

Ги известуваме учесниците во сообраќајот на наведената делница да ја почитуваат поставената сигнализација во интерес на безбедноста.

ВНИМАТЕЛНО: Поради излевање на Крива река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон с.Варовиште и с.Градец. Исто така, во с.Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на р.Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот.

НАЈАВА ЗА ПРЕКИН: Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско, Ве известуваме дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 19.06 до 23.06.2023 год, Делницата Велес – Градско (во н.м. Градско) ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 08.04.2023, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5тона.