Агресивните кампањи што ги водат таканаречените „продавници за пари„ лесно ги придобиваат граѓаните кои тонат во долгови и влегуваат во вртлогот подигни два кредити за да затвориш еден, шема која ја практикуваат многумина.
Страшно високи камати, провизии.
Постојат информации дека има случаи каде компанија за брзи кредити наплаќала и испраќање на писмена опомена.
По серијата реакции од јавноста, неодамна од власта најавија дека следуваат измени на Законот за финансиски друштва, што ќе ги ограничи трошоците што граѓаните ги имаат при користење на таканаречените брзи кредити.
Брзите кредити се и плодна почва и за измамниците кои премногу лесно можат да злоупотребат туѓи податоци и преку интернет да си нарачаат брз кредит. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk.
За сите овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 сторители, а поднесено е и едно известување до оштетено лице за поднесување на приватна тужба против откриен сторител, велат од МВР за Centar.mk.
Случаи се регистрирани и оваа година.