25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ЦУК: СПРАВУВАЊЕТО СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПОРОЈНИТЕ ПОПЛАВИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ПРОДОЛЖУВА

Регионалниот ЦУК Куманово известува врз основа на информацијата од РЦУК Крива Паланка дека во текот на утринските часови престанаа врнежите од дожд, дојде до намалување на нивото на водата на Крива Река и истата во градското подрачје се врати во минор коритото. Намалено е и нивото на водите на реките и доловите коишто се влеваат во Крива Река.

Екипи од Штабот за заштита и спасување се излезени на терен и доставуваат информации за состојбата. Добиените податоци од екипите на терен говорат, поточно Локалната самоуправа (ЛС) известува за:

– однесен мост каде што се спојуваат двете реки во место викано Стамболици, Крива Паланка, а пнаселението таму нема проод, премин.

– за дојава од село Борово, дека земјениот пат е оштетен и е непрооден и населението бара машина да се расчисти.

– заради појавено свлечиште е затворен за сообраќај локалниот стар пат кон Манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, во атар на село Варовиште.
– за непристапност до три куќи во место викано „Пашина Воденица“.
– известува дека во населба „Домачки Дол“ има оштетени пристапи до објекти, за што е укажано да се користат внимателно само кога е неопходно.
– за наноси од кал на локален пат кај месноста „Базенот“.
– за штета на приватен имот (стена) во населба Маневци.
– за оштетен мост кај место викано Пашина Воденица, нема пристап и неможе да се обезбеди.
– за свлечиште пред Трновски мост во село Трново.
-ЈП „Македонија Пат“ изветува дека саниран пропустот во село Трново, друга екипа работи на санирање на патот кон село Луке.
– за поткоп на место викано Пашина Воденица.
– Општината има ангажирано механизација за расчистување на: Домачки Дол, на регионалниот пат во населба Домачки Дол, во Куков Дол, кај место викано „Базен “, а една машина го чисти патот за манастирот и село Тлминци.
-ЈП Комуналец Крива Паланка со свои екипи врши расчистување на пешачката патека покрај Крива Река.
-ТППЕ Крива Паланка со 4 пожарникари и 2 возила – цистерни вршат расчистување на пешачката патека покрај Крива Река.
-ПО ДЗС Крива Паланка отстапува свои МТС на ЛС Крива Паланка за расчистување.
Инаку, денеска во 18:00 часот се одржа Седница на Штабот за заштита и спасување,.
Од Раководителот на РЦУК Кратово сме известени дека Крива Река во с.Куклица се има излеано од своето речно корито и има поплавено обробатливо земјиште од 1хектар, а нивото на вода моментално е околу 30 до 40см. Нема поплавени куќи, а од страна на Раководителот на РЦУК Кратово известена е Општина Кратово.
По остварен телефонски контакт во 10:28часот со директоторот на Водостопанство Куманово Ве известуваме дека водостојот реката во с.Клечовце е зголемен и се очекува на некои места излевање од речното корито, а исто така ЦУК беше известен дека е потребна брза интервенција во с.Пчиња, бидејки во с.Пчиња двата столба на мостот биле оштетени и може од надојдена поголемо количество на вода и гранки мостот да падне.
По јавување на ЦУК до Општина Куманово има известување дека немаат информација дали се преземени мерки за расчистување на гранки од мостот во с.Пчиња.
Од полицискиот ЦИК Куманово и СВР Куманово известија до ЦУК дека нивото на водата е намалено кај мостот во с.Пчиња и немало повеке опасност, па дежурните се повекле од мостот.
Од ЦУК се известени телефонски и писмено сите надлежни субјекти коишто би можеле да се вклучат во ова справување со непогодата од поројни полавувања.
Од лице за контакт со Општина Ст.Нагоричане има известување до ЦУК дека од нивна страна денес е направена обиколка по течението на река с.Пчиња и е утврдено дека нема излевање на реката и засега нема опасност од поплавување.
-Акумулациите Брани Глажња и Липковка се полни 100 % и имаат прелевање, но во разговор со лице за контакт состојбата се следи и водостојот на реката е зголемен но нема опасност од излевање на речното корито.