АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ИЗВЕСТУВАЊЕ:Од 16.06.2023 година почнува реконструкција на регионалниот пат Р 1206 од потегок кај кружниот тек во с.Боговиње до с.Пирок.Градежните работи ќе се извршуваат секој ден од 07 до 19 часот со повремени прекини во сообраќајот.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од 14.06.2023 година почнува проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено со ограничување на максимална брзина до 30 км/час.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 08.04.2023, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5тона.