Centar.mk
ТЕХНОЛОГИЈАИЗБОР

WhatsApp ќе има нова опција: Корисниците ќе следат сметки кои не се во нивните контакти

Апликацијата WhatsApp ќе додаде опција слична на Twitter за корисниците да следат сметки што не се во нивните приватни контакти.

Новата опција ќе биде во делот „надградби“, одвоена од приватните разговори и ќе изгледа слично на News Feeds на другите социјални платформи.

Наместо да додаваат контакт по телефонски број, корисниците ќе можат да бараат поединци или организации што сакаат да ги следат, вклучувајќи спортски тимови, владини претставници, сметки посветени на хоби и разни интереси.

Сопствениците на сметки кои имаат свои „канали“ исто така ќе можат да поканат луѓе, користејќи директни врски.

Сопственикот на WhatsApp, Мета, истакнува дека шампионот во Премиер лигата, Манчестер Сити и Светската здравствена организација се меѓу првите кои се пријавиле за оваа опција и секој ќе може да се приклучи на нивните канали.

Можеби ќе ве интересира

Побрза и во реално време: Унапредена “Audio Eraser“ функција на Galaxy S26 Серијата

ДЕСК

Самсунг (“Samsung”) телевизори: Редефинирање на технолошкото искуство во животниот стил

ДЕСК

Samsung Knox сега ги штити дисплеите со индустриски призната “CC“ сертификација

ДЕСК