14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ што поскоро да формира тим за да продолжи дијалогот за уставни измени

Соопштение на СДСМ:

Воспоставениот дијалог со опозицијата и ставот на Мицкоски дека не е против уставни измени доаѓа во важен момент, кога државата има историска шанса и силна поддршка од стратешките партнери ЕУ и САД за продолжување на европскиот пат.

СДСМ ги свика своите највисоки тела и органи, формираше работна група и ги повика ДПМНЕ да се приклучат.

ДПМНЕ што поскоро да формира работна група за да продолжи дијалогот за уставни измени.

Сега не е време за политички калкулации и мерење на партиските и личните рејтинзи, сега е време на одговорност, пред граѓаните, пред иднината на државата.